top of page
Војникот Панде Матевски

Во воената акција во Нормандија и Македонија има свој претставник. Битолчанецот Панде Матевски (1914-1944) учествувал во десантот во Нормандија во 1944 година за време на Втората светска војна. Тој заедно со неговиот брат Петар Матевски се единствените или едни од ретките Македонци што биле дел од најголемата инвазија во историјата на човештвото, позната како истоварување на сојузничките сили во окупирана Франција.

Приказната започнува во 1914 година во Битола, каде се раѓа Панде, како прв син на кондураџијата Коста и неговата сопруга Фотина. Во време на криза и сиромаштија, на ова скромно семејство со шест деца му претстојат тешки години. Матевски како и други Македонци заминува во Америка како печалбар и од таму се вклучува во сојузничките трупи. Панде Матевски е заведен во американските архиви како Панта Матевиќ, регрутиран во американската армија на 13.05.1941 година во Чикаго со ранг – водник прва класа. Податоците од архивите велат дека загинал во акција во 1944 година, а неговото тело било вратено во Битола во почетокот на 50тите години на минатиот век. До ден денес, Панде Матевски почива во своето родно место а неговата приказна се споделува исклучиво меѓу локалното население.

 

Панде и Битола
„Војникот Рајан од Битола“

 

По повод 70те години од Истоварувањето решивме да го ремедираме пропустот кој го држи во релативна анонимност Панде Матевски и во чест на овој битолски војник паднат за време на десантот во Долна Нормандија на 6ти јуни да претставиме краток филм за неговиот живот. Во филмот ќе се ретрасира трагичната приказна на овој Македонец кој од Македонија, заминува за Америка каде е регрутиран да се бори во Франција за ослободување од окупаторот. Приказната ќе биде прикажана во кадар на историскиот контекст во кој разни народи се наоѓаат едни покрај други во битка за слобода. Овој филм е комеморација на една колективна историја која ја споделуваат сите народи кои се бореле против фашизмот во Втората светска војна.

bottom of page