top of page

Битката во Нормандија

Клучната битка во Нормандија започнува на 6ти јуни, 1944 година по полноќ. На Денот-Д плажите во Нормандија се истоваруваат: 1 213 воени бродови, 736 бродови со помош, 864 карго бродови и 4 126 десантни бродови истоваруваат 20 000 возила и 156 000 војници од американската, британската и канаѓанската армија. Во текот на денот сите плажи се освоени, а 10000 војници се мртви, повредени, исчезнати или заробени. Германската армија е изненадена од нападот во Нормандија бидејќи очекувала да биде изведен од Па де Кале. Сојузничките сили профитираат од елементот на изненадување за да обезбедат сигурна предност која завршува со победничкиот пресврт во прилог на Антантата.

Со отворањето на овој нов фронт во Европа, битката во Нормандија денес се смета за клучна, бидејќи води до капитулација на Третиот Рајх на 8ми мај 1945 година. 6ти Jуни 1944 година, претставува историска пресвртница за Франција, но и за сите засегнати во Втората светска војна. На тој легендарен ден започнува побивањето на сојузничките сили и го индицира поразот на нацистите. Нормандија засекогаш ќе ги чува трагите од оваа историја, исконското место каде се извојувала битката за слобода. Таа веќе 70 години се сеќава на овие луѓе и им оддава почит на сите кои се бореа во Втората светска војна и оние кои ги загубија своите животи.

bottom of page