top of page

Оваа јубилејна година Нормандија заедно со своите партнери поднесе кандидатура за да ги стави плажите на Истоварувањето на листата на светско културно и природно наследство на УНЕСКО. Целта е да се препознае нивната вредност како споменик на слободата, демократијата, мирот и помирувањето; да се зачува оваа единствена територија; да обезбеди поголема атрактивност на регионот и неговата туристичка понуда и да се зајакне местото на овој меѓународен споменик во светски рамки.

Помеѓу земја и море, блиску до Париз и до Англија, отворена кон Европа и светот, Нормандија е исклучителен регион кој се наоѓа во Северна Франција. Од Викинзите до Истоварувањето, регионот е богат со извонредно културно наследство. Се карактеризира со разнолики пејзажи крајбрежни и шумски кои се инспирација за многу уметници. Нормандија е гурмански регион особено кога се работи за производите карактеристични за овој регион: јаболка, млеко и морска храна. Нормандија е една од главните дестинации за меморијален туризам. Регионот е вистински музеј на отворено. Голем дел од нејзината територија е посветена на историската битка од 6ти јуни 1944 година и офанзивата која го проследува тој датум. Секоја година се организираат настани за комеморација на борците кои се бореле во Втората светска војна во битката на Нормандија.

Нормандија, денес
bottom of page