top of page

„Денот-Д“, „Истоварувањето“, „6ти јуни“ кое име и да му се даде, веднаш ја евоцира акцијата на сојузничките сили во Нормандија на 6ти јуни 1944 година. Иако многу воени операции од овој тип се воделе и на Медитеранот, на Пацификот, на Источниот фронт сепак, важноста и сведоштвата на оваа интензивна борба во еден клучен ден допринеле кон тоа секој човек да го чувствува како дел од колективната историја на повеќе народи.

Истоварувањето – од настан до мит

6ти јуни одекнува во сеќавањата и спомените бидејќи претставува клучен момент за француската и светската историја. Тој датум така се доживува и пренесува и во остатокот од светот. Воените сведоштвата од оваа борба се темелат на политички, идеолошки, психолошки, економски и културни извори кои придонесоа, после војната, да ја преточат таа единствена акција во симбол на мир и заедништво.

На Денот-Д и Македонија има свој претставник. Битолчанецот Панде Матевски го дал својот живот во нормандиската битка за слобода.

bottom of page